Иако досега видовме безброј варијанти на овој модел Nike патики, речиси ниеден од претходните дизајни не може да се спореди со неодамна откриените луксузни патики.
Патиките се претставени во Чикаго, а нивната атрактивност ќе ве привлече на прв поглед. Дизајнирани се од Daniel Jacob, а патиките ги красат 15.000 рачно поставени Swarovski кристали. Патиките се наречени Chicago Winter.
Jacob, кој и самиот е роден во Чикаго, со голема грижа ги изработи овие “Air Jordan 1” патики, што е очигледно кога ќе се помисли за времето потребно за нивното создавање.