Ако сте обожавателка на чевли, тогаш овој тренд е добредојден во вашите животи …
По напорниот ден во канцеларијата, сè што сакаме е да ги кренеме нозете во воздух. До неодамна непристојно однесување, а сега е убав и прифатлив тренд кој владее на Instagram.
Како што покажува Instagram, сè што треба да направите е да ги кренете нозете и со гордост да ги претставите вашите најнови чевли. Се разбира, не заборавајте да направите слика и да ја објавите на Instagram, во спротивно и понатаму сте непристојни.
Само внимавајте да не се занесете, зошто секојдневното објавување на слики со чевли, многу брзо може да ве доведе во ситуација да купувате нови
Иако е добро оправдување за шопинг, тоа е секако е лош избор за вашите банкарски сметки.
Сепак, сте одбрале да се приклучите на овој тренд? Важна забелешка, не заборавајте на #shoefie!