Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Александар Костадинов
Со инспирација за документација на природата, Александар е аматер – фотограф, кој се стреми кон професионализам.
Победничката фотографија е направена во околината на Струмица со дигитален апарат Samsung ES95. Фотографијата е во црно бела техника, едитирана со програмата Picasa.
Со фотографот можете да стапите во контакт преку неговиот Instagram или e-mail (acec65@hotmail.com).
Мартина Пенева
(втор пат со победничка фотографија)
Мартина Пенева е фотографка – аматер која обожава да фотографира детализирана архитектура и стрит фотографија. За стрит фотографијата таа ни кажува дека се прикажуваат сите фази низ кои минува една фотографија, идеја, подготовка, исчекување, грешки, нивно поправање, обиди, можности…
Победничката фотографија е направена во Stedelijk музејот во Амстердам. Се работи за ретроспективна изложба на просторни инсталации од Едвард Красински – еден од највлијателните полски протагонисти на неоавангардата од 60ти и 70ти години, чии дела се поврзани со минималистичка и концептуална уметност.
Контакт со Мартина можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram или e-mail(martinapeneva@yahoo.com).
Лазар Зафировски
(трет пат со победничка фотографија)
Лазар Зафировски активно се занимава со фотографија веќе две години, а зад себе има искуство како фотограф на настани и приватни фотосесии.
„Фотографијата е направена со фото камера, еден темен и облачен врнежлив скопски ден. Замислата беше да се опфати интересен архитектонски елемент во позадина, а во преден план да биде портретот.“
Контакт со Лазар можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (lazarzafirovski@yahoo.com).
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).