Двата луксузни бренда Emillio Pucci и Bulgari, неодамна соработуваа и создадоа магична колекција на накит.
Од финеси до беспрекорната изработка, италијанските волшебници сето тоа го покажаа на модната писта, оставајќи ги клиентите без текст.
Како симболи на италијанскиот гламур, овие брендови си поиграа со живописни бои, брилијантни нијанси, различни форми, волумени и геометрија.
Крајниот резултат е експлозија на уметноста, која не е како ниедна друга. Како дел од соработката, Emillio Pucci и Bulgari, создадоа колекција на накит со долги ланчиња, обетки, обоени нараквици и неколку други неконвенционални дизајни за оние кои се подготвени да експериментираат со стилот.
Куќата Pucci била инспирирана од архетипскиот шарм и гламур на Мерилин Монро, додека Bulgari бил инспириран од своето наследство и висококвалитетните колекции на накит.