Шпорет од соништата …
Реномираниот италијански бренд Restart чии кујнски апарати се изработуваат со посебна грижа, ја презентираше нови шпорет кој е исполнување на сите соништа, а можеби е и еден од најубавите во светот.
Restart во изработката на своите апарати користи старински техники, а се се изработува рачно во работилниците на оваа компанија. Врвните перформанси на апаратите се направени од најдобрите материјали како месинг, бакар, челик и леано железо. Секоја креација е уникатна и ексклузивна, a прилагодена e на секој клиент според неговите спецификации.