Тепихот е декорација на секоја соба. Тоа е нешто како облека за вашиот под.
Малкумина знаат, дека ќилимите се постари од многу човечки пронајдоци, како и тоа дека во многу од нив засекогаш се втакени многу важни настани од историјата на човештвото.
Последен пат кога ги споменавме делата на дизајнерката Ангела Адамс зборувавме за нејзината геометриска колекција на теписи Astral Garden. Најновата колекција на оваа дизајнерка Inner Nature е инспирирана како што кажува името, внатрешната природа и индивидуалност на самата авторка.
Колекцијата содржи 8 нови дизајни за теписи како што се Infinity, June, Owl, Feather, Vibes/Burton, Garbo, Spock и Amma.