Отворајќи ја модната ревија есен / зима 2018 година со торби кои се движеа со помош на дронови, брендот Dolce & Gabbana покажа дека е фокусиран на технологијата …
Посебно за време на својата презентација, одржана на Миланската Модна недела.
По процесијата на дроновите, вистинските модели прошетаа по пистата, облечени во дизајни проткаени со верски мотиви. Користејќи ги фразите како Fashion Sinner, Fashion Devotion или Fashion is Beauty, брендот Dolce & Gabbana ги претстави своите модни референци за католицизмот.
Заедно со убавите свилени фустани и тесните кратки модели, италијанските дизајнери, понудија малку повеќе спортски изглед. Од украсени тренерки до гломазни дуксери и маици, сите парчиња се создадени за да и се допаднат на новата генерација. Модните додатоци се украсени и презентирани во форма на круни и очила за сонце.