Ако сакате да го смените вашиот имиџ и да бидете во тренд, а при тоа да го задржите елегантниот и џентлменски имиџ, тогаш ова е фризура за вас …
Многу пати пишувавме за различни фризури и ви дадовме многу совети, но овојпат сакаме вниманието да го задржиме кон малку по возрасните мажи и да ги советуваме како да изгледаат модерно, но исто така и елегантно и џентлменски.
Постарите мажи имаат тенденција да се држат до постарите трендови и тешко ги прифаќаат новите модни трендови кои доаѓаат, но ние сепак сметаме дека годините не се важни и дека секој човек треба да ги следи трендовите, ако сака да биде атрактивен и да привлече внимание. Затоа решивме да ви ја претставиме фризурата која е апсолутен хит оваа година и која треба да ја направите ако сакате да бидете најпосакуван човек во вашето окружување.
Станува збор за мешавина на low fade фризури и ние сме сигурни дека ќе ви се допадне. Фризурата не е тешка за креирање и не е тешка за одржување. Косата од страна постепено се скратува од темето кон вратот и се шиша со машинката. Косата на темето треба да биде подолга и се чешла на страна, правејќи видлив патец. Косата на темето може да се крене нагоре или на назад, така што тоа е по ваша желба и во секој случај оваа фризура ќе изгледа одлично.
Уште една одлична работа кај оваа фризура е тоа што совршено се вклопува со долгите бради, па ако ви се допаѓа неизбричен изглед тогаш оваа фризура е одличен избор.
Погледнете го овој видео клип кој ќе ви покаже како изгледа оваа фризура и како се креира: