Дали сте забележале дека сите околу вас повторно кашлаат и ги бришат носевите? Дали и вас ве фати настинката? Ако е така, тогаш има некои работи што треба да ги избегнете, а ние ќе ви кажеме кои.
Во принцип, топол чај е секогаш добра идеја ако сте фатиле настинка, но обидете се да ги избегнете овие чаеви:
Чај од нане
Чајот од нане ја суши слузокожата, ако често се конзумира. Ова значи дека ако сте настинати, чајот од нане не се препорачува. Меѓутоа, ако тоа е единствениот чај во вашата кујна, не двоумете се да се напиете една шолја.
Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир има ефект на разредување на вашата крв, и треба да бидете внимателни со неговата консумација, односно консумирајте го во помали количини.
Најдобар чај во третманот на воспалителни процеси, како што е воспалено грло е чајот од жалфија.
За продуктивна кашлица односно искашлување се користат чаеви од темјан, анасон, бршлен, мајчина душица, еукалиптус, бозел, бор и лопен.