“Бели везени дни, свилен конец, усни ко-рубини послани врз бели дланки ко снег …
Во Македонската опера и балет, вчера вечер се одржа првиот од седумте закажани концерти на македонската поп-дива Каролина Гочева, промовирајќи го својот најнов албум насловен „Извор“, а воедно не потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.
Каролина Гочева изгледаше убава и грациозна, разигарна и среќна, а со топлиот и раскошен глас ги отпеа сите 20 песни на концертот, пеејќи на сцената 2часа и 30 минути без пауза.
Музички богатата програма со песните од новиот албум ги растрепери и воодушеви срцата на сите присутни. Новите песни, публиката ги поздравуваше со силен аплауз, за на крај да ги запеат сите заедно, по некоја, од сега веќе добро познатите песни, од предходнот албум.
Извонредните музичари кои ја пратеа како и уметничката сценографија со огромен нејзин портрет насликан од сликарот и нејзин сопруг Михаил Корубин, ги воодушевија нејзините обожаватели.
Концертите продолжуваат понатаму…
Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.