Навистина Bling Bling!
Хамбургер веренички прстен од McDonald’s, доаѓа во типична бургер кутија и е наменет за сите љубители на брза храна, на кои ништо не може да им се спореди со вкусните хамбургери и компири.
Ако сте и вие една од тие личности, тогаш овој прстен е наменет токму за вас.
За да ја одбележат 50-годишнината, McDonald’s дизајнираше прстен кој изгледаше како Big Mac и соодветно беше наречен Bling Mac. Овој прстен беше дизајниран од дизајнерката на накит Nadine Goshn (нејзиниот накит го носат Beyoncé и Karl Lagerfeld) а направен е од 18 каратно злато со вредни скапоцени камења.
Bling Mac се состои од неколку слоеви – седум индивидуални прстени кои се преклопуваат во еден за да го направат луксузниот Big Mac или Bling Mac чија вредност е 10.220 евра.
Освен Bling Mac, дизајнерката Nadine Goshn создаде и други луксузни додатоци инспирирани од брзата храна, како што се манжетните.