Секој кој внимателно не чита, знае дека темниот тексас е владетел на сезоната, а според тоа, еден комбинезон од Mango веќе владее на блоговите и социјалните мрежи.
Тексасот од глава до пети, повторно се врати на голема врата, а станува збор за тренд кој бара малку труд.
За правилно да го носите овој тренд, потребно е да имате две парчиња во иста тексас боја, а да ги најдете и не баш лесна задача.
Сепак, сега можете да се потпрете на еден од нашите омилени брендови, Mango. Решението за тексас од глава до пети е новиот комбинезон, направена од хитот-темен тексас.
Ова е супер елегантен комбинезон во духот на седумдесеттите години со вистински ретро детали на ногавиците кои се шират во ѕвоно (визуелно ќе ве направат повисоки), па сè до џебовите извезени на комбинезонот, V отвор на вратот и кратки ракави. Нашиот омилени детал е појасот со кој можете да ја потенцирате вашата половината.