Tom Ford го претставува Vanille Fatale, новиот неверојатен парфем од ексклузивната колекција Private Blend.
Најавен како страшен и пркосен парфем, Vanille Fatale е олицетворение на моќта на природата и бурата, според официјалниот опис на брендот Tom Ford. “Невозможното станува реално, премногу добро за да биде вистина”.
Мешавината на зачините шафран и коријандер го отвора мирисот. Срцето на Vanille Fatale е совршена бура од печено кафе, нарциси и френгипани кои заведуваат со ноти на ванила од Мадагаскар и богат махагони.