Изработен од дрво на јасен, со неприкосновени годови и кора, секој Barky грамофон е едноставно убав и уникатен …
Во верзијата што ја презентираме, парчето дрво е обоено во абонос боја и е финиширано со полиуретанска и восочна паста, со цел да се создаде мазен изглед. Овој грамофон се одликува со гломазна стаклена потпора и цврсти ногарки од месинг, заедно со наградуваниот Rega Elys2 кертриџ и луксузна рачка REga RB330, која има неверојатна стабилност и практично се движи по плочата без никакво триење.
Бидејќи кертриџот е веќе усогласен и вграден, кога ќе го добиете вашиот Audiowood Barky грамофон, веднаш штом ќе го извадите од кутијата, можете да ги пуштите вашите омилени плочи и да ги доживеете носталгичните моменти.
Инаку, треба да се забележи дека овој грамофон е рачно изработен од мајстори во Њу Орлеанс, а тие кои се верни следбеници на музичката сцена, знаат дека токму од тој град потекнуваат многу од ѕвездите чии плочи се продавани во милионскии примероци.