Луксузните вили во Al Barari дел од Дубаи, веројатно се едни од најспектакуларните резиденции во светот – една од нив сега е достапна за купување …
Вилата за која зборуваме е прва во премиумската енклава Desert Leaf и има површина од околу 2.650 м2, а нуди поглед на панорамата на Дубаи, вклучувајќи ја и Бурџ Калифа. Со шест спални, оваа вила има многу подобности, како што се проширени соби за гости со панорамски прозорци. Исто така постои и специјално дизајнирано главно купатило со џакузи када.Приватното кино и собата за покер се со оригинални казино-чипови од Монте Карло, кои се даваат на сите оние гости кои имаат страст за забава. За ентузијастите на автомобили, има климатизирано шоурум со доволно простор за четири возила, како и посебна гаража со доволно простор за три автомобили, кои се за секојдневна употреба.
Без базен, ниедна луксузна вила не е комплетна, а оваа вила има спектакуларен базен со оптичко осветлување и стаклени ѕидови, кој е нагласен со гломазниот џакузи. Ниту во базенот ниту во џакузи кадата нема хлор, бидејќи нивната вода се прочистува со УВ и јонски филтрирачки системи.
Спуштениот бар со делот за скара и камин е место каде што можете да уживате со вашите пријатели со LED осветлување и водопад во позадина. Високата дрвена ограда ќе ве заштити од љубопитните очи и ви гарантира сигурност и приватност.
Цената на овој имот е 11 милиони долари, што и не е толку високо, ако го споредите со сите придобивки што ви се нудат. Дали има некој заинтересиран?
https://youtu.be/eNYs5VcqtGM