Денешниот избор за фото на денот е облакодер во Милано фотографиран од Davide Sasso со Samsung Galaxy S7. Претставена е рефлексијата на италијанското зајдисонце и самата фотографија спаѓа во проектот на фотографии направени со паметен телефон. Фотографот сака да го истакне солидниот квалитет на фотографија кој може да се постигне и без користење на скапи професионални апарати.