Наскоро по текот на реката Hudson, во градот Њујорк ќе се издигне зграда која е проектирана од страна на познатиот архитект Rafael Vinoly (познат по контроверзната зграда Talkie Walkie во Лондон).
Новиот облакодер ќе се издигне заедно со два облакодери на Менхетен, а неговиот надворешен изглед потсетува на дијамант, што самиот по себе асоцира на ултра луксузни станови со неверојатно високи цени. Формата на дијамантот ќе ја градат исклучително остри рабови и благо заоблени површини.
Луксузните ентериери ќе бидат дизајнирани од Groves & co, додека на секој стан ќе му биде загарантиран неверојатен поглед, додека надворешната модерна градина ќе биде проектирана од архитектите на Mathews Nielsen landscape.
Современата архитектура постојано не’ изненадува, нели?!