Постојат голем број на придобивки поради кои треба да имате цвеќе во вашиот дом …
Голем број на растенија имаат различна функција, од чистењето на воздухот и намалување на нивото на стрес, до презентација на прекрасната декорација. Но, дали сте се потрудиле да внесете некои од вашите растенија и во своите купатила?
Можеби ќе ви звучи чудно, но купатилото е совршена средина за голем број на домашни растенија. Изберете неколку видови во зависност од тоа колку природна светлина им е потребна (многу или малку) и дозволете влажноста и водата да ја направат својата магија. Подгответе се за релаксирачко спа искуство, секој пат кога ќе влезете во вашето купатило.
Што ви е потребно:
– метална висечка плетена полица (за држење шампони итн.)
– добро сочуван мов (во поголема количина)
– билки по желба
Како да направите мини висечки градина:
Поставете ја полицата на саканото место над кадата, а потоа пополнете ја со мов. Водете сметка да нема помеѓу простор. Одбраните растенија извадете ги од пластични саксии (ако се нови) или само со малку земја и коренот поставете ги на мовот. И тоа, е тоа.
Наш избор на растенија:
– Орхидеите и бегониите бараат светла места и влага, а ќе додадат боја на вашата купатило,
– Хлорофитумот (зелениот лилјан) не бара многу светлина, а може да го поставите и на директна сончева светлина. Одличен е прочистувач на воздухот;
– Тиландсија бара светли купатила и совршено ќе ја комплетира вашата мини градина.