Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Александар Наумчески
Архитеткт кој аматерски се занимава со фотографија, зад себе со учество на неколку групни изложби и една самостојна во мај 2016 под наслов „Имагинарен Град“.
„Мотивите кои ги забележувам во просторот околу мене се тесно поврзани со мојата професија и најголемо задоволство ми претставува да ги пренесувам приказните на градските форми, детали и бои. И во двата случаи композицијата е од пресудна важност, во архитектурата тежнееме кон хармонизирање на волумените и просторот кој ги создаваме, во фотографијата тежнееме кон хармонизирање на кадарот.“
Андроники Антонијадис
Огнен Бојковски
Огнен Бојковски се занимава со професионална фотографија веќе 10 години, а омилен правец му е „landscape“ фотографијата, додека најголем предизвик му е да ја фотографира природата, поради нејзината честа преобразба и проникливост.
Победничката фотографија е направена во Владимирово, Берово со Samsung Note 4 и е едитирана со мобилната апликацја Snapseed.
Контакт со Огнен можете да остварите преку Facebook, Instagram или преку неговиот вебсајт.