Денес, модните куќи се насочуваат кон потребите за масовно дигитално трошење …
Така, брендот Dolce & Gabbana, уште еднаш го распосла црвениот тепих за своите миленици. Познати лица, како што се Остин Махоне, Камерон Далас, Кристијан Комбс и Рафети Ло, доминираа на модната изложба.
Овие млади модели ни покажаа многу декадентна перспектива на колекцијата есен / зима 2018 година, која се вика King’s Angels. Брендот Dolce & Gabbana повторно се сврте кон својата сакана кралска тема и соодветно ни ги претстави стиловите кои одушевуваат со модерен кралски луксуз.
Дизајнерите Доменико Долче и Стефано Габана презентираа интересни стилови и комбинации инспирирани од уличната мода. Прелистајте ја галеријата и пронајдете се во креативноста на ова историско модно дуо.