Aeppol е уметница чии дела можат да допринесат за лекување на светот!
Со фини контури, магични бои, Aeppol ги репрезентира невините детски соништа, исполнети со фантазија и спокој. Цртежи кои ќе Ве вратат во детството и ќе ве потсетат на поубави безгрижни времиња. Потенцирана е убавината на детскиот сон, на имагинативната способност за нештата да бидат подобри кога можеме сами да си ги замислиме.
Девојката во шумата ги живее нашите интровертни соништа. Далеку од матријалните зла, бучните градови, таа се реконектира со природата, го лечи својот ум и својот дух и прави она што сака. Сепак, бегањето од реалноста е понекогаш единствениот начин да ги пребродиме секојдневните предизвици и да се справиме со ова бучно и зафатено секојдневие.
Повеќе за нејзината работа можете да дознаете на Instagram, или пак Facebook.