Andrea Diakonu позираше покрај прекрасната сина вода за време на снимањето на кампањата MICHAEL Michael Kors…за пролет/лето 2018 година …
Во друштвото на моделот Batista Radufe, таа ги покажа најдобрите креации од понудата на овој бренд за топлата сезона. Mario Testino, славниот моден фотограф кој се најде во бројни наслови за непријатни обвиненија овие денови, работеше како фотограф на ова снимање.
Како што можеме да видиме, новата сезона ја става тиркизната во преден план, презентирајќи ни фустани, плетени џемпери и големи торби во овие тонови.
Ако погледнеме реално, оваа зима и не беше многу студена, а после овој едиторијал, со нетрпение ги чекаме првите пролетни денови…