Пролетната колекција на шпанскиот бренд Страдивариус е веќе пристигната во нивната продавница, а покрај пролетната колекција, вистинско освежување е капсула колекцијата, инспирирана од денот на вљубенте, свети Валентин.
Страдивариус ја направи соработката со фондацијата Keith Haring и ни ја претстави оваа капсула колекција со 5 unisex артикли, кои слават 60 години од раѓањето на американскиот поп-арт и графити уметник од 80-тите години.
Тоа е колекција на маици кои се декорирани со култните дела на уметникот (познат по неговата борба против СИДА), а чија цел е ширење на љубовта. Инаку, Кит Харинг е голема американска икона на графити, поп-арт и улична култура на Њујорк во 80-тите години. Тој умрел многу млад на возраст од 31 година од СИДА, а во неговата кариера соработувал со бројни други уметници како Енди Ворхол, Грејс Џонс, Мадона и Јоко Оно.
Неговото дело или дизајнот на овие мајци, на сите родени во 80-тите години и порано, им се добро познати.