“За среќата” – Данците ја нарекуваат lykke – и никој не знае повеќе од Meik Wiking, директорот на Институтот за истражување на среќата и автор на бестселерот Hygge – данскиот рецепт за среќен живот.
Првата книга на Меik, Hygge – данскиот рецепт за среќен живот, беше објавена минатата година и се продаваше во мулти-милионски копии ширум светот. Иако е можно многу работи да се научат од Данците, клучните тајни за среќен живот треба да се откријат низ целиот свет, па така Меik почнува од клучното прашање: Што е заедничко на сите среќни луѓе?
Во оваа фасцинантна книга, авторот не води во потрага по богатство, како да ја отклучиме вратата на квалитетниот живот. Прибирање на податоци, искуства и совети од најсреќните делови на светот, ни кажуваат како да се користи драгоценото време, како да се постигне заедништво и вистинското задоволство.
Целта на извршниот директор на Институтот за истражување на среќа во Копенхаген е да ја открие среќата, да проникне во нејзината суштина и да ја дефинира. Со другите зборови, Институтот ги истражува причините и последиците на човечката среќа, за да овозможи подобрување на квалитетот на животот во целиот свет.
Благодарение на работата што ја работи, но и на минатогодинешниот бестселер, Меik имал можност да запознае многу луѓе од сите страни на светот: “… од градоначалникот на Копенхаген до уличните продавници за храна во Мексико, од индиски таксисти до министерот за среќа во Обединетите Арапски Емирати”.
Така дошол до сознание: прво, без оглед на тоа дали сте Данци, Мексиканци, Индијци или Арапи, првенствено сте човечки суштества и во суштина не се разликуваме толку многу едни од другите. Сите ја присакуваме среќата.
Меik, во книгата не предупредува на разни поими на среќата, а потоа ги претставува главните нејзини одредби, кои подетално ги обработува во поглавјата. Издвојува шест клучни чинители кои имаат најголема одговорност за среќата: заедништво или чувство на припадност кон заедницата, пари, здравје, слобода, доверба и доброто. На крај, сите делови се спојуваат во целина и ја составуваат картата за откривањето на богатството – среќа.