Емилио Пучи продолжува со идејата да презентира џет сет стил, преку неговата богата понуда.
Од кога Елизабет Тејлор, Лорин Бекол и Жаклин Кенеди Оназис го прославија брендот, Емилио Пучи стана препознатлив низ целиот свет со силна графика и живописна естетика.
Емилио Пучи комбинира тешки ткаенини со светли бои. Пучи ни нуди хеланки кои добро се комбинираат со џемпери во интензивни бои и шалови за уште поинтензиване ефект. Луѓето се уште дискутираат дали може или не, да се носат чорапи како панталони. Емилио Пучи е тука за да ја разјасни секоја конфузија која ја имате на таа тема.
Колекцијата Pre-Fall 2018 зрачи со неверојатна енергија која емитува радост и возбуда. Емилио Пучи уште еднаш понуди маестрална варијанта, како се комбинираат различни принтови. Не заборавајте да додадете жолта, розова и сина боја во вашата гардероба, за да бидете забележани. Впрочем, оваа колекција е доказ дека не мора да бидете елегантни само во мал црн фустан.