Брендот Фенди ангажираше две прекрасни моделки за својата модна кампања пролет/лето 2018 …
За фотографиите беше задолжен креативниот директор на брендот, Карл Лагерфелд, а моделите Тејлор Хил и Виторија Черети едноставно блескаат на студиските фотографии.
Инспириран од тропското расположение на колекцијата, Карл создаде фотографии кои се фокусирани на линиите, декорираните чанти и отворените рамења.
Тејлор и Виторија, имаат шик лежерни фризури со минимална количина на шминка.