Женската и машката колекција пролет/ лето 2018. H & M Studio, повторно ќе се претстави на Париската модна недела, овој пат во Musée des Arts Décoratifs на улицата Риволи. Како и минатата година, H & M продолжува со концептот за продажба и купување “Види сега, купувај сега”.
Клучната инспирација на H & M Studio S / S 2018 оваа сезона е јапонскиот минималистички дизајн и тивката префинетост, па затоа не е изненадување дека H & M ќе биде спонзор на големата изложба за Јапонија, која ќе се одржи токму во Musée des Arts Décoratifs. Изложбата ќе се отвори подоцна оваа година и ќе прослави 150 години културна размена меѓу Франција и Јапонија и ќе го истражува влијанието на Јапонија во западната култура.