Кога надвор е студено и со магла, а температурата паѓа под нулата, сакаме да се загрееме на сите начини …
Аромата што ве следи во текот на денот треба да биде топла, како и да ве исполнува со пријатни чувства и добро расположение. Одбравме 3 најдобри зимски мириси, кои ќе ви помогнат полесно да ја дочекате пролетта.
MOSCHINO SO REAL
Овој мирис е одличен избор за сивите и облачни денови. Во парфемот ќе најдете сорбет од цитрус, ноти од малина и црна рибизла, како и букет на магнолија, божур и јасмин. Се согласуваме, ова е совршена комбинација за ледените денови, а мирисот со својата опојна арома ќе ве однесе до сончевите летни денови.
ELIE SAAB LE PARFUM EDITION FEUILLES D’OR
Ако сакате ориентални ноти и сакате да ви биде топло во текот на зимата, обрнете внимание на Elie Saab Le Parfum издание на Feuilles D’Or. Во аромата ќе најдете класична ориентална комбинација на бергамот, јасмин и пачули, која е нежно испреплетена со медни ноти и акорди од роза и мошус.
PAUL EMILIEN SOUFFLE INTIME
Дали ви се допаѓа цимет? Тогаш овој мирис ќе биде најдобриот зимски избор за вас. Парфемот дава чувство на удобност и на пријатна топла атмосфера. Paul Emilien Souffle Intime (што значи “интимен здив”) се базира на комбинација од цимет, цитрус и каранфилче во комбинација со бибер, темјан и сандалово дрво.