Дeнот на вљубените набрзо доаѓа, а сите знаеме што овој празник им значи на вљубените низ светот.
Во трката да ги импресионираат своите сакани, луѓето планираат интересни начини како да ги израдуваат и изненадат. Па така во игра се дијаманти, рози, чоколади, шампањи, но и романтични туристички дестинации.
Еден хотел се потруди нивните идни гости за Денот на вљубените, да го доживеат како најромантичен ден во животот.
Fairmont Hotel во Дубаи, организира Ultimate Valentine пакет аранжман, кој чини дури 23.000 американски долари. Аранжманот опфаќа возење со лимузина, а потоа лет со хеликоптер над Дубаи. По возбудливата авантура, гостите се сместуваат во луксузен апартман Imperial Suite. Кога ќе влезат во апартманот, таму ги дочекува личен батлер со букет од 100 црвени рози и дијамантски накит во вредност од 4000 долари.
По професионалното средување од страна на козметичарите и шминкерите, вљубениот пар ќе ужива во приватна вечера на кровот од хотелот, кој вклучува 7 јадења, со звуци на виолина, која таа вечер свири само за нив.
Следното утро, исто така започнува крајно романтично. Декадентен појадок со шампањ во кревет…тоа е се што ви треба по претходно возбудливо изминатиот ден.
Меѓутоа, тука не е крај на авантурата. По романтичниот појадок, вљубените ги очекува 40-минути возење со хидроавион.
Како цреша на шлагот, по враќањето во хотелот во апартманот е организирана масажа во траење од 90 минути. Освежени од масажата, гостите одат на возење со луксузна јахта, на која покрај јагодите и шампањот, уживаат во погледот наоколу.
За крај на вториот ден, за гостите се готви вечера во ресторанот Exchange Grill Steakhouse.
На последниот ден од овој аранжман, парот ќе ужива во новиот доручек организиран на терасата од апартманот, по што со лимузина ќе ги однесат до посакуваната дестинација.
Дали и вие би сакале една ваква авантура за Свети Валентин?