“Во паралелен универзум” е последниот проект на фотографот Ели Резкалах, кој креативно и директно ја покажува машката доминација над жените во рекламирањето, во средината на минатиот век.
Либанскиот фотограф Ели Резкалах, успеа да го стави своето име на светската мапа на важни личности во рок од неколку недели и тоа на 31-годишна возраст.
Главниот дел од иронијата, презентирана на профилот Instagram и останатите социјални мрежи, предизвика серијатa на фотографии кои го сочинуваат неговиот последен проект ‘In a parallel universe’ (“Во паралелен универзум”).
Проектот ja покажува јавната машка доминација над жените во рекламите од 40-тите, 50-тите и 60-тите години на минатиот век, но во обратната улога на главните протагонисти.
Со добра доза на хумор и директна визуелизација, овој уметник го осудува сексизмот на јавноста од тоа време, што за жал, сè уште може да се види во денешните секојдневни животни ситуации.