Следната пролетна сезона ќе биде во знакот на таканаречени “bucket” торби.
Овие модни додатоци беа популаризирани од модниот дизајнер Флоријан Гавриел. Потоа овие необични чанти се појавија во колекциите на најпознатите модни куќи.
Торбите се изработени од италијанска кожа во различни бои, а модните блогерки брзо го препознаа новиот тренд.
Тоа што ги разликува е што имаат форма на вреќа и обично имаат интересни рачки – синџири, дрво, метал … Достапни се во речиси сите бои, изработени од различни материјали – кожа, платно, слама, велур и разни ткаенини. Достапни се во големи димензии и мини верзии, така да секоја девојка и жена можат да го најдат својот омилен модел.
Можете да ги најдете и кај нас во Mango и Zara …
Zara