Од изгледот на шишенцата до основните мирисни ноти, најдобрите нови пролетни мириси кои туку што дојдоа на пазарот, ја нагласуваат и слават самодовербата.
Пролетта е време на нови почетоци и будење, а секако и период во кој нашите зимски парфеми ги заменуваме со малку полесни мирисни ноти.
Miu Miu, L’eau Rosée
Само најмодерните и најуспешните, ги претпочитаат парфемите со главни ноти на ружи, бидејќи ним, никако не им одговараат класичните ноти.Proenza Schouler, Arizona
Како сончеви зраци кои ја галат вашата кожа во топлиот пустински ден. Arizona е женски мирис кој не е премногу сладок или цветен, благодарение на невообичаената минерална нота.
Maison Martin Margiela, Replica – Wicked Love
Веднаш ќе почувствувате необична комбинација. Основата на мошус, кедар и ветивера помагаат во рангирањето на овој парфеми како унисекс.
Oscar De La Renta, Bella Blanca
Овошен и сладок, но суптилен и софистициран мирис. Овој парфем претставува се што се очекува од едно шишенце парфем, буквално покриено со бели цветови.