Планирањето на летните годишни одмори за многумина почнува рано, а тоа го потврди и Airbnb. До сега, помалку познати градови почнаа да бележат неверојатено голема потреба за престој и резервации.
Дали сте сигурни каде ќе патувате во 2018 година? Или сте заглавени без идеја? Airbnb, нека ви послужи како инспирација и возбуда, бидејќи ова се 3 -те градови кои бележат неверојатен раст на резевации.
1. Gangneung, Јужна Кореја
Прв е градот кој забележа раст на резервaции од 2,175%. Тоа е градот Gangneung, кој се наоѓа на брегот на Јапонското Море. Gangneung е возбудлив град со контраст на модерна архитектура и традиционална корејска култура.
По кратко истражување, брзо ја откривме причината за побарувачката на резервации. Оваа година, Gangneung е местото каде што ќе се одржуваат Зимските олимписки игри и зимската параолимпијада.
2. Bournemouth, Англија (раст 353%)
Англиски град, кој традиционално е еден од најпопуларните места за одмор, во јужниот дел на Англија. Причината се долгите плажи, како и тоа дека овој град важи за еден од најсончевите и најсувите градови во Англија.
3. Edmonton, Kanada
Канадскиот град Edmonton, е петти по големина град во земјата и е рангиран на трето место (раст од 284%) во трендовите на Airbnb. Edmonton, ги мами посетителите со најдолгиот урбан парк во Северна Америка, т.н. River Valley Parks System. Со вкупна површина од 111 км².