Оваа колекција, би ја донела и самата Алиса во земјата на чудата, да кампува пред Икеа и да ги “истресе” сите картици. Ексцентричната стилистка Беа Aкерлунд, создаде една од најинтересните колекции за Икеа, каква никогаш не сме виделе.
Централниот мотив на колекцијата е цилиндерот. Станува збор за ограничена колекција, која ќе се најде во продавниците на шведскиот гигант за внатрешен дизајн, ексцентрична како и самата дизајнерка. Името на колекцијата е “Omedelbar”.
Беа Акерлун е всушност исклучително позната и почитувана стилистка. Лејди Гага, Ријана и Бијонсе се потпираат на ексцентричниот и идиосинкратски опус на оваа самопрогласена активиста. Нејзината естетика е секогаш моќна и секогаш намерна, а Мадона и е една од најлојалните клиенти.
Сега, Беа Акерлунд ја примени својата извонредна естетика во служба на Икеа и ги освојува нашите срца со мешавина од готски и холивудски гламур. Колекцијата содржи вкупно 35 ентериери.
Ограничената колекција ќе биде достапна во Икеа од март 2018 година.