Една форма, сигурно станува најбарана и е вистинскиот избор на веренички прстен за 2018 година, а станува збор за вистински класичен прстен, со мала доработка…
Без разлика дали сте повеќе класично определени или ги следете трендовите, имаме предлог за вас. 2018 -та, сигурно ќе ја обележи една сосема посебна форма на веренички прстен.
Станува збор за хоризонтален овален камен на прстенот. Овалниот камен (некои ќе добијат вистински дијамант), кој до сега беше поставен вертикално, во 2018 година ја смени позицијата и сега вереничките прстените ги обележува хоризонталниот.
Класичен и едноставен со модерен пресврт, го прави овој веренички прстен идеален избор за сите невести кои сакаат нов тренд и свежина, но сепак не сакаат да се откажат од класиката, бидејќи ќе го носат на рацете до крајот на својот живот.