Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Ангела Петровска
Ангела Петровска е фотографка – аматер која секојдневно се стреми да ги подобри своите фотографски вештини. Најголема пасија за фотографирање е архитектурата, додека најголем моментален предизвик е портретот!
Фотографијата е направена за време на скијање на планината Пирин, и е благо едитирана со Lightroom, како што ни кажа Ангела, дека најважно од се долови суштината на совршениот момент, на кој и така не му е потребно драстично уредување.
Контакт со Ангела можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram, или e-mail (apetrovska25@gmail.com).
Ничевски Марио
Марио Никчевски се занимава со фотографирање скоро 5 години и неколку пати има освоено награда на различни конкурси. Фотографијата која го доенсе во ТОП 3 е направена со фотоапарат, во Дојран и е едитирана со Snapseed.
Контакт со Марио можете да воспоставите преку Инстаграм.
Мартина Пенева
Мартина Пенева е фотографка – аматер која обожава да фотографира детализирана архитектура и стрит фотографија. За стрит фотографијата таа ни кажува дека се прикажуваат сите фази низ кои минува една фотографија, идеја, подготовка, исчекување, грешки, нивно поправање, обиди, можности…
Победничката фотографија е направена во Истанбул, пред Аја Софија со Nikon D3100, 35 mm.
Контакт со Мартина можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram или e-mail (martinapeneva@yahoo.com).
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).