Додека Марија Грација Кјури е инспирирана од светот на бајките и надреалните визуелни ефекти во модната куќа Кристијан Диор, нејзиниот поранешен, најомилен колега Пјер Паоло Пиколи, ужива во боите.
Со новата колекција, тој ја изненади публиката со остри и неочекувани комбинации на бои – фуксија и розова, лимон жолта и небесно сина, црвена и сјајно злато. Инспирацијата на креативниот директор на Валентино, ја претставува магијата на боењето и барањето нови комбинации на нијанси.
Во колекцијата имаше доста експерименти со кроевите. На вообичаените лаконски силуети, Пиколи им даде слобода. Моделите станаа лелеави и лесни заради драперијата, но, во исто време, со извонредна елеганција. Тој користел скапи ткаенини кои најчесто се поврзуваат со висока мода, а со машни декорираше многу креации.