Париските уметници и сопственици на галерии напишаа отворено писмо против исталирањето на скулптурата од Џеф Кунс, опишувајќи го споменикот како “шокантен и не добрeдојден”.
Американскиот уметник Кунс, познат по своите репродукции на банални објекти, објави дека сака да му ја подари на Париз неговата скулптурата Букет од лалиња, како “симбол на сеќавање, оптимизам и оздравување” по терористичките напади од ноември 2015 година.
Потпишувачите на петицијата се осврнуваат на тоа дека уметникот ја подарува само идејата, а повеќе милионската изведба и инсталација (3.5милиони евра), би била на товарот на француската држава и даночните обврзници.
Зошто едно дело од ваква важност кое што би требало да биде поставено на многу престижно место, како што е вообичаено, не би било една отворена можност или конкурс за сите учесници на француската културна сцена.
Според Кунс, скулптурата има за цел да ја имитира Статуата на слободата која го држи факелот.
Ова монументално дело би требало да биде трајно поставено пред прстижната палата Palais de Tokyo, по желба на Кунс, што е далеку од местото на трагичниот настан.