Дали веќе почнавте да размислувате за нови пролетни чевли?
Чевли… никогаш доволно. Често пати ќе тргнеме да купиме фустан, а ќе завршиме со нов пар чевли.
Не се обидувајте да му објасните на вашиот маж, во каква посебна врска се жените и чевлите. Тој нема да разбере. Но, ако некој маж сака да дознае дали сте екстровертни или интровертни, жестока или срамежлива, нашата топла препорака е да погледне во вашите стапала и да види какви чевли носите …
Бидејќи чевлите зборуваат за вас.
За сите припаднички на поубавиот пол, кои едвај чекаат подобро време и нови модели на чевли, тука се најновите resort 2018 модели со потпис на Stuart Weitzman. Сè се носи – цветен принт, металик, крзно. Ваше е само да одберете.