1. Истакнати мустаќи
Оставете ги мустаќите да растат седум дена, па тогаш почнете исто со брадата. Така ќе добиете стил во кој вашите мустаќи ќе бидат поизразени и каде што мустаќите ќе бидат во преден план. Мустаќите совршено стојат со помалку изразена брада и прават да изгледате мажествено и сериозно.
Вообичаено секој сака брадата да се намалува кон вратот, но сега трендот е обратен. Треба да ја бриете брадата така, да изгледа како да се намалува погоре кон вашето лице. Така ќе создадете одличен ефект кој ќе го привлече вниманието на сите.
3. Долга и обликувана брада
Ништо не е толку импресивно, како долга брада која е уредна и обликувана. Ова можеби е најтешка брада за одржување, но тоа ќе направи да изгледате силно, мажествено и пожелно.
4. Одделени мустаќи од брадата
Обично секој ги пушта брадата и мустаќите споени, но, сега трендот е да се направи видлив јаз меѓу мустаќите и брадата.