Трендот кој содржи превртени книги и вљубеници во книгата што превртуваат со очите…
Нешто наместо вовед во оваа приказна:
Библиотеката во El Escorial, во Шпанија, книгите биле поставувани (и сеуште се поставуваат) на полиците со нивните р’бети кон ѕидот, со цел да се заштитат кожените шевови на истите. Но, рабовите на страниците се позлатени, исто како што се позлатени насловите на книгите. Согласно изворите, станувало збор за практична иновација со цел да се заштитат книгите – но, притоа секоја една од нив била означена со наслов, автор и краток опис.
Што се однесува до погоре реченото, оваа библиотека не е единственото место каде книгите се уредени на тој начин. Согласно трендовите за уредување на ентериерот и во голема мера, трендот #Backwardsbooks на Инстаграм во последнава година, книгите се поставени во превртена положба на различни локации во домот. Во денешно време, друштвените мрежи се сосредочени на визуелната естетика и трендовите спонтано се следат. Да речеме на Инстаграм, каде животот се одвива во коцки, книгите се апсолутен хит во сите варијанти. Во последно време, освен приватните профили – голем број магазини, дизајн студија, салони за мебел итн; прикажуваат една поинаква визуелизација на уредување на сопствената библиотека. Од една страна, превртените книги даваат една друга нота на стилското уредување на домот во монохроматски амбиент, но од друга страна, ги третира книгите чисто како алатка за декорација. Погледнете како тоа изгледа:
За овој тренд се врзуваат поделени мислења, каде соодносот не е изедначен бидејќи постојат низа коментари од припадниците на книжевниот свет дека „уредувањето на книги според боја на корицата беше лоша идеја, но еве доказ дека има и полоша“, односно дека помодарското читање книги од причина да се има мотив да се пофалите на друштвените мрежи сега резултира во користење на истите од декоративна природа. На крајот на краиштата, книгите се вредни за пофалба и во двете сценарија:
1. кога правите совршени фотографии со нивна помош и
2.кога интровертно и љубоморно ги чувате само за своја душа.