По неколку години работа и усовршување на неговиот талент во модните куќи Жан Пол Готје, Кавали, Лакроа, Емануел Унгаро и Емилио Пучи, Петер Дандас одлучи да започне со свој моден бренд. За него тоа претставува креативна слобода.
За колекцијата есен – 2018 година, креаторот се фокусираше на она што најдобро го знае, висок гламур. Екстраваганција и гламур зрачат од секоја негова креација во оваа колекција, така да на многу љубители на неговата работа ќе треба да го почекаат крајот на летото 2018 година, кога оваа колекција официјално ќе се појави.