По кактусите и сукулентите, ново растение стана тренд во уредувањето на домот. Тоа е јужноамериканска пампас трева, која освојува со своите меки контури и нежни пастелни нијанси.
Овогодишните венчавки ќе бидат во знакот на оваа декоративна и специјална билка, насекаде низ светот, а совршено ќе се вклопи во венчавки во бохо стил, кои стануваат се побеќе популарни.
Досега ја видовме како декорација на венци, како украс на маса и разни инсталации.
Сега дизајнерите на ентериер одлучија да ја внесат оваа прекрасна билка во нашите домови.
За разлика од зелените растенија на кои сме навикнати во нашите домови, пампас тревата ќе ја внесе женственоста, на суптилен начин. Ова нежно растение идеално ќе се вклопи во секој простор. Можете да го ставите во декоративна вазна од порцелан, но, исто така и да ја тестирате вашата креативност и да го претворите во мало уметничко дело.