Руски чај со вотка
Ви треба: 0,6 литри силен руски чај, 100 грама мед, чаша вотка и лажиче ванилин шеќер.
Прелијте 7 лажички чај со 0,6 литри врела вода и оставете да остои 10 минути. Водката измешајте ја со медот во посебен сад и направете хомогена смеса. Ставете го садот со силниот чај на средна температура и постепено додавајте ја мешавината од вотката со мед.
Шкотски чај
Ви требаат: 4 лажички чај, 150 грама павлака со 15% млечна маст, малку рум, 200 мл вода, 3-4 лажици шеќер.
Подгответе силен чај. Загрејте ја павлаката и додадете ја во чајот, а румот и шеќерот измешајте ги во посебна чинија. Сипете половина чаша чај и додадете го кремот, а потоа шеќерот и румот. Се темелно се меша. Чајот е подготвен.
Грог
Ви требаат 40 мл бел рум, црн чај, 15 мл сок од лимон, 40 грама лимон, шеќер и зачини по вкус.
Подгответе го црниот чај. Додадете неколку капки лимон, каранфилче и кардамон. Потоа додадете сок од лимон, шеќер и рум.
Шведски чај со млеко
100 милилитри млеко, 50 милилитри вода, 1 лажичка чај, 2 лажички шеќер.
Како да се подготви шведскиот чај: кога водата ќе почне да врие додадете ладно млеко, а потоа повторно вратете заедно да зовријат. Потоа додадете чај и шеќер, измешајте сè и оставете да отстои 10 минути. Чајот е подготвен.
Чај од цитруси
Ви требаат: 1 лажичка шеќер, половина чаша сок од лимон, половина чаша сок од портокал, лажичка цимет, 2 лажички зелен чај.
Измешајте шеќер, цимет и чај во сува форма. Ставете ја смесата во врела вода и оставете ја да остане 15 минути. Додадете го лимонот и сокот од портокал на крајот.
На здравје!