Црвената блуза од Манго, веќе стана хит на Instagram меѓу познатите блогерки. Црвената боја продолжува и понатаму да не освојува и во 2018 година.
Црвената боја одсекогаш нè привлекувала, таа е боја на љубов, но и претпазливост. Црвеното светло на семафорот, огнот, разни знаци… Боја пред која секогаш застануваме и длабоко вдишуваме. Црвената боја е исто така и една од најпопуларните бои на сезоната. Кога станува збор за црвената блуза од Манго, наместо знакот претпазливост, единствениот знак што го гледаме е “Купи ме”.
Посебноста на оваа блуза се крие освен во нејзината боја, така и во нејзиниот дизајн. Блузата има голема, но не преголема машна со контрастни шавови кои се протегаат по целата блуза.