Што мислите кој инструмент може да постигне фантастична цена од 2,5 милиони долари?
Одговорот е пијано и не било кое, туку уметничко дело со потписот од американско-германската фима Steinway & Sons.
Фантастичниот инструмент е насликан од сликарот и светски познатиот пијанист Пол Вајс. Украсено со деликатни маслени бои, луксузното пијано и пијано-столчето се навистина со прекрасен изглед.
Концертното пијано било создадено според музичките спецификации и барања во 1853 година. Потребни биле повеќе од 4 години, да биде комплетно завршено.
Ова уметничко дело е инспирирано од ремек-делото на рускиот композитор Модест Мусоргски, “Слики од изложба”, од делото кое е создадено во чест на неговиот голем пријател и архитект Виктор Хартман, кој почина многу млад.
На пијаното има многу луксузни детали. Горниот дел е насликан со панорама на руско село и капијата на пристаништето во Киев. Надворешниот дел на пијаното, на многумина им е омилениот елемент. Насликаните елементи во маслена боја вклучуваат и златни листови, прикажувајќи портрети на поединци кои се воодушевуваат на дела во музеј.