Ви ги претставуваме 3 главни и пред се едноставни трендови за внатрешното декорирање на домот, кое ќе провладува во 2018 година. Ние веќе влеговме во новата година, а време е тоа да го направите и за вашиот дом!
1. Заменете го ананасот со црешата
Минатата година, ананасот беше хит – овошје и неопходен додаток во декоративниот сектор. Од чаши во облик на ананас па се до декоративните пернички, а својот врв го доживеа овој Божик кога се претвори во елка. А сега, новата ѕвезда во нашите ентериери ќе стане црешата. Декоративни цреши во матиран порцелан, но и во лакирана верзија, ќе почнат да ги освојуваат нашите домови. Црешите се посебно убави во метални тонови како сребро, злато или бронза.
2. Кружни форми
Сè што е заоблено во круг, станува вистински хит. Особено огледалата во популарниот Scandi стил, кој може да се препознае со типичната кружна форма. Оваа форма ја превземаат и други предмети како што се полиците и комодите, чиј изглед заради заоблениот дизајн е поразличен од оно,ј на конвенционалниот квадратен мебел на кој сме навикнати.
3. Темно дрво
Темното дрво ја превзема популарноста заради контрастот што го прави, користејќи го во светлите и белите простори. Се разбира, не мора да ја менувате целата кујна или подовите во вашите домови. Доволно е само да ставете неколку акценти од темното дрво во вашиот дом. Полица, нова комода со фиоки, можеби столици или едноставно рамки за слика, тие ќе го воведат вашиот дом во 2018 година. Благодарение на враќањето на 70-тите, темното дрво како оревот, повторно е модерно.