L’Occitane и Pierre Hermé се познати по различни работи: убавина и колачи …
Сепак, овие два бренда сега соработуваат заедно, и создадоа заедничка продавница која го обезбеди најдоброто од нивните двата света, за сите посетители. Продавницата се наоѓа во луксузниот трговски дел на Париз, на булеварот Шанзелизе бр.86.
Во понудата има три-дела на искуство… почнува со десерт барот, каде можете да уживате во слатките задоволства и да уживате во живо на слаткарските демонстрации.
Вториот дел претставува кафе станица, која на гостите им дава шанса да ја откријат уметноста на кафето, во согласност со маестрото на слатките Пјер Ерме, додека третиот елемент на гастрономски искуство е каде што се служат врвните деликатеси кои ќе го освежат вашето непце помеѓу различните десерти.
Покрај тоа, брендот L’Occitane е присутен преку нивните интерактивни парфеми и мирисни инсталации, кои на ова гастрономско искуство му даде ароматичен пресврт.
Просторот е дело на дизајнерката Лаура Гонзалес, а дизајниран е да биде интерактивен. Користени се бои како зелената, розовата и кремасто портокаловата, како инспирацијата која доаѓа од сликите на познатиот Сезан.
Во предниот дел на продавница, посетителите можат да уживаат во градината полна со ароматични растенија, кои ги мамат минувачите задолжително да влезат во овој интересен ентериер!