Изградена во 1987 година, во близина на бујна зелена шума во предградето на Ванкувер, овој прекрасен имот може да биде сон за оние кои сакаат да живеат во близина на градот, но далеку од бучава и вревата…
Овој имот може да се опише како неверојатно приватнo засолниште, со уникатна вила во централниот дел, четири спални соби и пет бањи или 850 м2 луксузен простор за живеење. Главната куќа во себе ги спојува архитектурата на западниот брег со јапонски детали во неверојатна фузија, што јасно може да се види во нашата галерија.
Главната резиденција поседува завршници од многу природни материјали, како што се камен, стакло и дрво, покажувајќи ни ште еднаш, дека природата е секогаш ултимативниот архитект. Вистинските чуда на овој имот се наоѓаат на неговата надворешност, каде што се наоѓа преубаво уредено земјиште, со дрвја и бројни декоративни елементи создадени од човекот, креирајќи сликовито опкружување.