Имате ли дома класични салонки, кои ретко ги носите затоа што ви изгледаат здодевно?
Со денешниот едноставен трик, старите чевли ќе живеат нов живот!
Ви треба:
самолеплива лента
бела акрилна боја
златна или сребрена акрилна боја, а можете да ја одберете и бакарната или розова златната боја
пар чевли – салонки од кожа или скај
постапка:
1. Користете ја лепливата лента и обележета ја површинатаа што ќе ја обоите
2. Прво обоите ги врвовите на чевлите во бела боја. Нанесете повеќе слоеви од бојата на чевлите, додека не бидат целосно покриени.
3. Кога белата боја ќе биде потполно сува, обоите ги чевлите со златната. Нека се исуши добро.
4. Отстранете ја леплива лента и имате “нови” чевли за стилски модни комбинации!
Кога ќе го обоите врвот на чевлите со златна боја, можете да залепите монистри за повеќе сјај. Ќе добиете елегантни чевли за вечерни прошетки.
погледнете тука…